ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ Битола : Не заштитуваме криминалци за разлика од ДПМНЕ

Битолската СДСМ денеска преку соопштение реагираше на вчерашната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ за кражбата на нафта од средното медицинско училиште во Битола.

Дрскоста со која поранешната директорка на основното училиште Коле Канински и актуелна советничка, Лидија Павловска обвинува за злоупотреби е врв на лицемерието на ДПМНЕ. Павловска, истата таа, која го остави Коле Канински во долг од над 250.000 евра се изгубила во времето и просторот во обидот да ќари некој политички поен за нејзината партија. Само злосторничко здружение какво што е ДПМНЕ може да си дозволи изјави за кражби и злоупотреби додека нивни поранешни и сегашни функционери се влечкаат по судовите и признаваат вина за криминалот што го направиле.

Полицијата на чие чело е кадар на СДСМ привела привела осомничен за кој Павловска тврди дека е партиски активист на СДСМ. Ако е така, има ли поголем доказ за бескомпромисната борба против криминалот што ја води СДСМ ? Може ли Павловска и нејзините сопартијци да се сетат на слична ситуација во периодот додека сите полуги на власта беа во рацете на ДПМНЕ? Колку истакнати активисти на ДПМНЕ беа уапсени за криминал од Јанкулоска, од Наќе или од оној еднодневниот министер што го имаа? Заштита на криминал нема и нема да има додека СДСМ раководи со државата, без разлика кој е во прашање.

Борбата со криминалот и корупцијата е непозната тема за ДПМНЕ и затоа СДСМ не очекува никаква поддршка!

Образованието, посебно во Битола, пак, е забранета тема за ДПМНЕ ! Над 4,5 милиони евра долг во битолските училишта и десетина директори осудени на 5 години затвор условно, се највисоките достигнувања на ДПМНЕ во образованието во Битола “ стои во реакцијата на битолската СДСМ.