На последната седница на Советот на Општина Битола се расправаше и за измената на програмата за животна средина.
Советникот од СДСМ Методија Илиевски рече дека во изминатите десет месеци не се слушнало дека проект кој го предложила локалната власта во делот на животната средина на изборите е реализиран.
Претседателката на Советот Габриела Илиевска му забележа на советникот од СДСМ дека во десет години колку што бил советник не научил што е животна средина.
Во дискусијата се вклучи и советникот од Поинаку Иван Чулакоски.












