ТЕРА

REKLAMA???

СДСМ ОД КАРПОШ: НАШИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ ПОБЕДУВА

Битолската СДСМ денеска отвори промотивниот штаб во населба Карпош во Битола.

„На 24 април гласаме за број 1, за Стево Пендаровски, а на 8 мај ја потврдуваме двојната победа“ порачаа од СДСМ.

Методија Илиевски кој е кандидат за пратеник рече:

„Карпошани се одлучни. Нашиот претседател Стево Пендаровски победува. Нема откажување од иднината“ вели тој.

Присутна беше и кандидатката за пратеничка, односно коносителката на листата на СДСМ за петтата изборна единица, Бисера Коистадиновска-Стојчевска.

„Заедно со граѓаните од терен ја најавуваме победата на нашиот претседател Стево и СДСМ. Од населба Карпош пораката е испратена: Сакаме европска држава, затоа нема откажување од ЕУ и европските можности за сите“ рече таа.