ТЕРА

REKLAMA???

СЕМЕЈСТВО ОД СЕЛОТО БЕРАНЦИ ОСТАНА БЕЗ ДОМ, ОТКАКО ПОЖАР ИМ ЈА ПЕПЛОСА КУЌАТА

Петчленото семејство Матиќ од селото Беранци во Општина Могила, преку ноќ остана без покрив над главата, по стравотниот пожар што деновиве избувна во нивната куќа.

Домот што со години го градеа, за миг се претвори во пепел.

Пожарот се случил во попладневните часови, кога во куќата бил само еден член од семејството.

Пожарот избувнал откако најпрво се запалил оџакот, потоа истиот се проширил и до темел им ја изгоре куќата на семејството кое за миг остана без основните услови за живот.

„Преку ноќ останавме без нашиот дом што го градевме со години. Среќа во целата оваа несреќа е што нема настрадани. Во пожарот се ни е изгорено, целата покуќнина, облеката. Сега сме на безбедно место, но, за жал не и во нашиот дом“ велат во изјава за ТЕРА телевизија, браќата Иван и Бобан Матиќ.

Тие ги повикуваат сите хумани луѓе, фирми, невладини организации и здруженија на граѓани да им помогнат со парични средства, градежни материјали или било каква друга поддршка.

Во овие тешки моменти оптимизмот не ги напушта и се надеваат дека доколку добијат помош, обновата на куќата да започне по Новогодишните и Божикните празници.

За сите оние коишто со донации сакаат да му помогнат на семејството Матиќ, и да им покажат дека во овие тешки моменти не се сами, тоа можат да го направат на сметките

Сметка за уплата на средства во Македонија

Шпаркасе Банка Иван Матик

250500041915241

Сметка за уплата од странство

IVAN MATIK

BERANCI UL.A BR.BB MOGILA

Shparkase Banka A.D. Skopje

Vasil lljoski br. 14 Skopje

MAKEDONIJA

IBAN Code

MK07250080008964944

Swift INSBMK22

 

 

 

 

 

 

Сметка за уплата на средства во Македонија

Шпаркасе Банка Иван Матик

250500041915241

 

Сметка за уплата од странство

 

IVAN MATIK

BERANCI UL.A BR.BB MOGILA

Shparkase Banka A.D. Skopje

Vasil lljoski br. 14 Skopje

MAKEDONIJA

 

IBAN Code

MK07250080008964944

Swift INSBMK22