ТЕРА

REKLAMA???

Сервисни информации за Битола

Денеска од 9 часот е прекинато водоснабдувањето за корисниците од зградите „Ремо“, „Васко Карангелевски“ број 64 и 85, како и за корисниците на „Веро“. Од ЈКП „Водовод“ информираат дека прекинот е поради дефект на челична водоводна цевка Ф-300 и ќе трае до завршување на санацијата. При работите можно е оштетување на велосипедската патека, која по завршувањето на санацијата ќе биде вратена во првобитната состојба.

Планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска има на подрачјето Битола – Цапари. Прекинот е најавен од 8 часот и 45 минути до 14 часот и 30 минути.

Во однос на сообраќајот, градежните работи продолжуваат на улицата „Дебарска“, која и понатаму е раскопана. На возачите им се препорачува внимателно движење во овој дел од градот и користење алтернативни правци каде што е можно.