Денеска планирани прекини на струја има во периодот од 7 до 15 часот во селата Доленци, Кажани и Ѓавато, со околните објекти. Од 7:30 до 11 часот прекин ќе има и на делови од улиците „Прилепска“, „Жикица Јованович Шпанац“, „Стреја Нахмијас“, „Сремска“ и „Батаљон Стив Наумов“.
Од „Водовод“ засега нема известување за прекин на водоснабдувањето.
Во градот активни се градежни работи на улиците „Дебарска“, „Чеде Филиповски“ и „Маркс и Енгелс“, па се препорачува зголемено внимание и користење алтернативни правци каде што е можно.











