ТЕРА

REKLAMA???

Сервисни информации

Денеска се најавени два планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Од 7 до 11 часот без електрична енергија ќе бидат објектите и фирмите во поранешно „Фринко“.

Од 8 до 12 часот прекин ќе има во село Карамани, на трафостаницата „РЕК Пумпи“ во село Карамани, во село Трн, на ПВПП „Пресолар“ и на ТС „Гео Гас“.

Од ЈКП „Водовод“ нема објавено известување за денешен прекин во водоснабдувањето.

Во однос на сообраќајот, градежни активности има на улиците „Дебарска“ и „Христо Ботев“. На возачите им се препорачува внимателно движење во овие делови од градот и користење алтернативни правци каде што е можно.