ТЕРА

REKLAMA???

СЕ Е ПОДГОТВЕНО ЗА КОНЦЕРТОТ НА DEEP PURPLE ВО СКОПЈЕ

Еден од најголемите рокенрол-состави на сите времиња, Deep Purple, член на големата петорка (The Beatles, The Rolling Stones, Pink Floyd, Led Zeppelin), ќе одржи голем концерт на 28-ми мај на стадионот на АРМ во Скопје. Во последната деценија, групата објави четири студиски албуми, а во меѓувреме одржува и турнеи низ сите континенти.

„Навистина е раритетна можноста во една сезона да можеме да ги видиме и ‘Deep Purple’ во Скопје, со што се надеваме дека ја исполнивме желбата (заедно со концертот на ‘Placebo’) во Македонија да има повеќе рок концерти отколку во изминатиот период“, истакнаа од Авалон Продукција.

Тие одржаа прес конференцијата во Скопје, за претстојниот концерт на легендарните DEEP PURPLE како најава за новата концертна сезона за оваа година. 

Претходно, во 2016 година вокалот на групата, Иан Гилан, придружуван од Македонската филхармонија настапи во Скопје во ВИП арената на Спортскиот центар Борис Трајковски.

Македонската и регионалната публика ќе може во живо да ги слушнат класиците: Smoke on the water, Hush, Strange kind of woman, Woman from Tokyo, Knocking at your back door, Highway star и уште многу други хитови што го одбележаа петдецениското постоење на овој навистина и култен и легендарен бенд во музичката историја, којшто со тоа што го работи во моментов и тоа како е цврсто позициониран со своите нови албуми во сегашноста.