ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА ПРВИОТ „ПАЉО КЛАСИК“ БОДИ-БИЛДИНГ НАТПРЕВАР

Викендов во Битола во спортската сала „Боро Чурлевски“, пред околу илјада љубители на боди-билдингот се одржа првиот “Паљо Класик“ натпревар во боди- билдинг во организација на Зоран Лазаревски – Паљо, неговиот фитнес клуб “Паљо“ и боди билдинг федерацијата на Македонија.

Во неколку категории се претставија Ѓеорги Ѓеоргиевски, Дарио Трајковски, Марио Петровски, Павел Костовски,  Харис Амедовски, Неџип Сулејмановски, Давид Влајковски. Во категориите за жени, Мери Акиевска, Катерина Милевска, Катерина Попева, Мила Настева, Теодора Громбановска и Цветанка Огненовска-Аврамовска.

Организаторот на натпреварот рече дека е задоволен од првиот обид за ваква организација.
Претседателот на федерацијата, Бобан Ѓоровски, со пофални зборови за ова што се случи во Битола.
Апсолутен победник во машка конкуренција на првиот “Паљо Класик“ е Неџип Сулејмановски, а во женска конкуренција Мери Акиевска.

Публиката имаше чест на сцената да го види и Божидар Пецаковски кој зад себе има бројни успеси на натпревари во земјата и странство.