ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА 11-ТИОТ ПЛАНИНАРСКИ МАРШ „СМИЛЕВО 2022“

По повод денот на полицијата и безбедноста 7-ми Мај, се одржа 11 традиционален марш Смилево 2022, на релација превој Ѓавато – врв Пирамида – чешма Горановец – с. Смилево, во должина од 18км.  Маршот е под покровителство на ИПА Битола, а организиран од Полициско-спортскиот планинарски клуб „7 Мај“.

На маршот учествуваа околу 70 планинари и вљубеници во природата. Покрај членовите на ПСПК 7-ми Мај, учествуваа и членови од ПК. Пелистер, ПК. Ѓорги Наумов, ПД. Смолево, ПД. Картуш од Прилеп и ЖПК. Китка од Скопје. 

По завршувањето на маршот, беа доделени  и пригодни благодарници на клубовите кои учествуваа, како и на највозрасните учесници, Цветан Стојкоски и Пенка Игнатоска од Прилеп и Младица Масалковска од Битола. 

Поводот за востанувањето на овој празник, се врзува со Смилевскиот конгрес од 1903 година и тогашните селски чети, кои во Смилево го обезбедувале одржувањето на конгресот, на кој била донесена одлука за кревање на Илинденското востание.