ТЕРА

REKLAMA???

Се очекува Мадуро денес да пристигне во Њујорк

Над 150 авиони учествувале во операцијата за заробување на Мадуро, соопшти американскиот генерал Ден Кејн.

Генералот Кејн рече дека операцијата била обемна, внимателно планирана и подготвувана со месеци, и траела со часови. Вклучени биле сите родови на американската војска, како и разузнавачките и безбедносните агенции
Мадуро моментално е на американскиот воен брод „УСС Иво Џима“, а Трамп објави фотографија на која венецуелскиот претседател е во американски притвор.

Американските сили пристигнале во комплексот на Мадуро околу 1:01 часот по источно време (7:01 по средноевропско), ја опколиле областа и извршиле апсење. Мадуро и неговата сопруга, Силија Флорес, потоа се откажале од отпорот и биле качени на бродот „УСС Иво Џима“ во 3:29 часот по источно време.

Генералот Кејн рече дека операцијата била обемна, внимателно планирана и подготвувана со месеци, и траела со часови за да се заврши на терен. Вклучени биле сите родови на американската војска, како и разузнавачките и агенциите за спроведување на законот.

Министерот за надворешни работи на Венецуела, Иван Едуар Гил Пинто, изјави дека САД извршиле „подмолен и кукавички напад од грб“ во кој биле убиени цивили и воени професионалци, но дека народот на јужноамериканската земја бил обединет и мирен.

„САД воено ја нападнаа Венецуела за да ја скршат волјата на нејзиниот народ и да ја украдат нејзината нафта и други ресурси“, рече Гил во телефонско интервју од Каракас за шпанската национална радио станица РНЕ.

Доналд Трамп изјави дека венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес се на пат за Њујорк откако ноќеска биле заробени во брзата акција на американската војска во Венецуела. Тој кажа дека против нив веќе се покренати обвиненија и ќе стигнат до Њујорк со хеликоптер и брод.

„Тие убија многу луѓе, многу Американци, дури и луѓе во нивната сопствена земја“, кажа Трамп за „Фокс њуз“.

Русија денеска ги повика САД да го ослободат венецуелскиот претседател Николас Мадуро и неговата сопруга, соопшти руското Министерство за надворешни работи, додека Украина го поддржа американскиот напад врз Венецуела.

– Во услови на потврдените извештаи дека претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга се наоѓаат во САД, силно ги повикуваме американските власти да ја разгледаат ситуацијата и да го ослободат легално избраниот претседател на една суверена држава и неговата сопруга, се вели во соопштението.

Од друга страна, украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека Украина доследно го брани правото на народите на слободен живот, без диктатура, угнетување и кршење на човековите права.

– Режимот на Мадуро ги прекрши сите овие принципи во секој поглед, истакна тој.

– Се залагаме за понатамошен развој во согласност со принципите на меѓународното право, давајќи им приоритет на демократијата, човековите права и интересите на Венецуелците, додаде Сибиха.

Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, ја нарече операцијата на САД во која беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро „чин на војна“ и кршење на меѓународното и федералното право, пишува Си-ен-ен.

Мадуро и неговата сопруга, кои беа заробени преку ноќ во Каракас, се транспортираат во САД и се очекува авторитарниот лидер да биде задржан во федерален притвор во Њујорк, каде што се соочува со федерално обвинение.

Мамдани, кој пред три дена го почна градоначалничкиот мандат, рече дека бил информиран за операцијата, како и за „планираното затворање на Мадуро во федерален притвор тука во Њујорк“.