Општина Битола информира дека од утре 11.09.2025 (четврток) престанува да важи забраната за моторен сообраќај во централното градско подрачје.
Согласно одлуката за означување на условите и утврдување на режимот на сообраќај во централното градско подрачје, физичките препреки на спојот на улица „Димитар Илиевски Мурато“ и улица „Широк Сокак, ќе бидат отстранети.
Инаку ланската година кога Програмата за изменување и дополнување на програмата за одржување на комунални објекти, инсталации, локална патна мрежа и улици во Општина Битола за 2024 година се најде на комисиска расправа во Советот се зборуваше и за поставување пешачки семафори на потегот кај Епинал и на Камен Мост. Но, до денеска очигледно е дека такво нешто нема.