Еурофарм Пелистер 2 – Вардар 1961 24-28 (11-13)
Екипата на Еурофарм Пелистер 2 загуби со 24-28 од бранителот на трофејот Вардар 1961 во првото полуфинале во Купот на Македонија. Двоецот Талески и Дибиров искомбинираа вкупно 19 гола, и се најзаслужни за победата.
Тимур Дибиров мечот го заврпи со десет гола, додека Филип Талески со девет, кај поразениот тим се истакнаа Милан Ѓукиќ и Павле Петровиќ со по шест постигнати гола.
Противник на вардарци во финалето ќе биде поуспешниот од дуелот Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје.


















