ТЕРА

REKLAMA???

СИНОЌА ЗЕМЈОТРЕС КАЈ ДЕБАР

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа регистрираше земјотрес 115 км југозападно од Скопје кој потекнува од епицентрално подрачје Дебар.

Според податоците со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 49 минути со Рихтерова локална магнитуда 3.1 степен и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Ресен, Дебар и околината.