Сите права за сите деца! Ова е насловот на видео продуцирано во рамките на проектот „Децата на прво место“ од страна на Фондацијата за образовни и кулутурни иницијативи Чекор по чекор.
Видеото ќе се емитува на програмата на ТВ Тера во следните термини: 19 ноември во 17.30, 19.30 и 21.30 часот.
Во чест на одбележувањето на денот на донесувањето на Конвенцијата за правата на детето од страна на Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 година и 31-годишнината од ратификувањето на Конвенцијата од нашата земја, Фондацијата за образовни и кутурни инцијативи „Чекор по чекор“ и Народниот правобранител во РСМ ја отпочнуваат кампањата СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА.
Оваа видео кампања е изготвена во рамки на проектот Децата на 1-во место! финансиран од Европската Унија во партнерство со Одделот за заштита на правата на детето и лица со попреченост при канцеларијата на Народниот правобранител и основните училишта вклучени во проектот.
Кампањата има за цел да ја информира и едуцира јавноста за правата на детето; да ја зголеми свесноста за важноста од ученичкото учество и вклучувањето на учениците во донесувањето одлуки преку Ученичкиот парламент и Ученичкиот правобранител; да ја зголеми свесноста за безбедноста на децата во сајбер просторот и начините на заштита. Целта е исто така да ги мотивира сите засегнати страни (училиштата, родителите на учениците, образовни власти, претставници на локална самоуправа) за подобро разбирање на правата на детето како и механизмите за нивна заштита, охрабрувајќи ги да се залагаат за СИТЕ ПРАВА ЗА СИТЕ ДЕЦА.



















