Со цел подигнување на јавната свест и зголемување на можностите за лицата со попреченост да создаваат и учествуваат во секој аспект на општественото живеење, денеска во ОУ „Трифун Пановски“, се одржа инклузивен спортско рекреативен настан насловен „Игри без граници“. Настанот го организираше Центарот за поддршка на лицата со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола кои со песна и игра ја испратија пораката дека сите сме еднакви.

„Денешниот настан е да помогнеме и да направиме подобар свет и подобри услови за лицата со попреченост. Кога ќе се соберат толку многу луѓе на вакво место со толку позитивни идеи а поддршка на лицата со попреченост тогаш целта сме ја оствариле и е исполнета, поттикнуваме на пристапен и правичен свет во кој ќе ја подигнеме јавната свест, ќе размениме практики за важноста на иновациите како алатка за зголемување на можностите на лицата со попреченост“, изјави Јулијана Трајчевска, претседател на ЦПЛИП Порака-Битола.

Од лицата со попреченост само можеме да учиме како цврсто да стоиме на нозе, со насмевка на лицето пред предизвицниот настан е да помогнема те што ни ги носи животот, потенцираше директорката на училиштето.

„Во нашето училиште секогаш сме се труделе и понатаму ќе породолжиме, да создаваме свет полн со љубов кон сите. Свет во кој различностите ќе не обединуваат. Свет во кој секому треба пријателски да подадеме рака. Под сонцето сите сме еднакви“, изјави Лилјана Николовска, в.д директор на ОУ Д-р.Трифун Пановски.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Битола.
„Даваме поддршка, кажуваме дека сме сите еднакви и тоа од срце го чувствувам и како градоначалник, меѓутоа и како лекар. Да помогнеме и како општина и како локална самоуправа и како совет да овозможиме услови, да ги прифатиме лицата со различности, оние кои имаат потреба и да направиме се што треба и во училиштата и во установите“, рече градоначалникот Тони Коњановски.
Настанот се одржа по повод 3-ти декември Меѓународниот ден на лицата со попреченост.


















