Битола утрово се разбуди со снежна покривка. Сообраќајот во градот се одвива во зимски услови.
Од јавното комунално претпријатие „Нискоградба“-Битола информираат дека снегот не предизвикал проблеми.
Од претпријатието велат дека Зимската служба е максимално подготвена за главните и споредни сообраќајници во градот да бидат проодни и пристапни.

Од „Нискоградба“ им порачуваат на граѓаните да не ги паркираат возилата на несоодветни места со што би го спречувале редовното одржување и чистење на улиците во градот.
„Во моментов, после синоќешните врнежи на снег, нема непристапно место во Битола“, информираат за ТЕРА телевизија од јавното комунално претпријатие „Нискоградба“.
Врнежите од снег го исчистија и воздухот во Битола, кој претходните денови беше енормно загаден.
Снежната покривка најмногу ги израдува децата.


















