Почна средбата на претставници на СОНК со претставници на Владата. Околу 16:00 часот тие влегоа во владата. Оваа средба денеска на прес конференција ја најави, односно изјави дека очекуваат да имаат средба, претседателот на СОНК Јаким Неделков.
Неделков за МИА потврди дека во Владата ќе имаат средба со премиерот Димитар Ковачевски и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, на која ќе присуствува и директорката на Европската конфедерација на синдикатите за образование (ETUCE) Сузан Флокен.
Притоа тој рече нивните барања остануваат, а дека и да има договор сепак за утре е сигурно дека штрајкот ќе продолжи, заради како што беше речено, потребното време да се изјасни членството.
СОНК преговара од март со Владата за исполнување на нивното барање за зголемување на платите за 18,4 отсто во дејностите што ги покрива СОНК – образование и детска заштита.
Понуденото зголемување за 10 проценти од Владата, претходно СОНК го одби.












