Утрово -5 степени Берово, -4 Маврови Анови, -2 Попова Шапка, -1 Битола, Крива Паланка, Претор, 0 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, 1 Охрид, Прилеп, Штип, Дебар, Kрушево, 2 Куманово, 3 Струмица, 4 Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, 6 Гевгелија, 8 Дојран.
Во текот на ноќта и утрово имавме ведро време, на места со слаб ветер претежно од северен правец.
Времето денеска сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена. Во Битола до 18 степени.













