Утрово 10 степени во Лазарополе, 11 Берово, 12 Маврови Анови, Попова Шапка, 14 Претор, Битола, Крива Паланка,15 Тетово, Охрид, Скопје-Петровец, 16 Прилеп, Струмица, Куманово, 17 Крушево, Штип, Демир Капија, Велес, 18 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, Виница, Гевгелија, Дојран.
Во текот на ноќта времето беше ведро, а утрово е сончево, ведро и претежно тивко.
Денеска сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Попладне претежно во северозападниот дел ќе има услови за изолирана појава на локален пороен дожд со грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени. Во Битола до 32 степена.
УВ индексот 8.












