ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ПОТОПЛО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 21 СТЕПЕН

Утрово 2 степена во Берово, 7 Крушево, Крива Паланка, Битола, Гевгелија, 8 Прилеп, Скопје-Петровец, 9 Претор, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Тополчани, 10 Виница, Демир Капија, 12 Штип.

Во првата половина од ноќта беше претежно ведро, а потоа имаше зголемување на облачноста. Утрово е променливо облачно. Дуваше слаб до умерен ветер од променлив правец, кој во Штип на моменти достигнуваше брзина над 45км/ч.

Времето денеска претпладне променливо облачно со локален слаб дожд претежно на северозападот. Попладне облачноста ќе се намали и ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 17 до 25 степени. Во Битола до 21 степен.