ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ПОТОПЛО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 22 СТЕПЕНИ

Утрово 1 степен во Лазарополе, 3 Берово, Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 5 Битола, Крива Паланка, Претор, Охрид, 6 Крушево, Штип, 7 Тетово, Прилеп, Скопје-Петровец, Демир Капија, 8 Струмица, Виница, 9 Скопје-Зајчев Рид, Кавадарци, 10 Велес, Гевгелија, Дојран.

5 л/м2 дожд наврнаа во Демир Капија, 4 Прилеп, Пожаране, 3 Дојран, Крива Паланка, Кавадарци, 2 Попова Шапка, Маврови Анови, Охрид, Тетово, Тополчани, Велес, 1 Лазарополе, Берово.

Во текот на ноќта облачноста се намалуваше и утрово времето е сончево со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Магла има утринава во кумановскиот регион.

Вемето денеска претежно сончево и потопло, попладне во планинските подрачја со услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степени. Во Битола до 22 степени.