ТЕРА

REKLAMA???

Сончево и топло, во Битола денеска до 17 степени

Утрово најстудено со -6 степени беше во Берово, -4 Маврови Анови, -3 Крива Паланка, Битола, -2 Скопје-Петровец, Тетово, Демир Капија, Струмица, Попова Шапка, -1 Штип, Куманово, 0 Охрид, Претор, Прилеп, Гевгелија, 1 Kрушево, 2 Виница, 3 Скопје-Зајчев Рид, Дојран.

Во текот на ноќта и утрово ведро со слаб до умерен ветер од северен правец.

Денеска ќе биде сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23 степени. Во Битола до 17 степени.