Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.
Претпладне на места, а околу пладне и попладне на повеќе места, особено во западните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 33 степени. Во Битола до 26 степени.












