ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА НА ПАТИШТАТА

Утрово поминува без поголеми проблеми на македонските патишта. Според најновите информации на АМСМ, сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања.

За битолчани кои денес патуваат кон Прилеп, останува времената измена на режимот на сообраќај на делницата Лагово–Тополчани, поради активностите поврзани со Коридорот 10Д. Сообраќајот се пренасочува по регионалниот пат.

АМСМ предупредува на можност за одрони особено низ котлини, речни долини и клисури. Посебно внимание се препорачува на делниците Катланово–Велес, Маврово–Дебар–Струга, Виница–Берово и Кочани–Делчево.

Ако денес патувате кон Охрид, на правецот Кичево–Охрид има градежни работи на повеќе делници, поради што сообраќајот се одвива со девијации. АМСМ апелира на почитување на сигнализацијата и прилагодена брзина.

На граничниот премин Меџитлија–Ники утрово нема гужва.