ТЕРА

REKLAMA???

СОСТОЈБА СО СЕЗОНСКИ ГРИП ВО МАКЕДОНИЈА

Извештајот на Институтот за јавно здравје покажува дека изминативе 10 дена, за повеќе од трипати е зголемен бројот на болни од сезонскии грип.  Лекарите очекуваат зголемување на инциденцата кај децата од школска возраст со крајот на распустот.

 

 

Грипот како сезонско заболување во државава е над неделната граница на појавување, вели извештајкот на Институтот за јавно здравје. Последните десетина дена за повеќе од 3 пати е зголемен бројот на болни.

Институтот за јавно здравје во својата информација за јавност за втората недела од 2025 година вели дека „регистрирани се 1.053 случаи на заболени од грип или инфекции со симптоми слични на грипот. Најголем дел од нив се деца. -633 се на возраст од 15 до 64 години, 179 се деца на возраст од пет до 14 години, а 144 се до четиригодишна возраст.“

Од институтот соопштуваат и дека „Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој е над неделната граница за сезонска активност за прв пат оваа сезона. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% за прв пат оваа сезона.“

Информацијата е дотолку повеќе значајна што децата од школска возраст се на зимски распуст, па, иако се работи за сезонско заболување бројките се прифаќаат со извесно изненадување од лекарите во Битола. Тие очекуваат овие бројки да растат со завршувањето на школскиот распуст кој трае до 17 јануари.

Во лабораторијата на Институтот пристигнале материјали кои укажуваат на неколку подвидови од вирусот. Лабораториските тестирања се однесувале и на респираторниот синцицијален вирус и на САРС ков – од првиот се регистрирани под 10 случаи на ниво на држава, а вирусот на КОВИД не е регистриран.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО): Ø Постарите лица (над 65 години) Ø Деца на возраст од 6-59 месеци Ø Лица постари од 6 месеци со хронични болести Ø Бремени жени, и Ø Здравствени работници. v За сезоната 2024/2025, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 70.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 10.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for International Vaccine Initiatives). Заклучно со 2-ра недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 72.318 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

 

извор: ИЈЗ