ТЕРА

REKLAMA???

Со зурли и тапани поради одземените возила се протестира пред битолскиот Основен суд

Со зурли и тапани протестот поради одземените возила се префрли во битолскиот Основен суд. Бараме правда!-се скандира на протестот.

Видео на следниот ЛИНК.

Ни ги зедоа возилата, а со нив децата ги раниме, велат жителите на битолски Баир кои протестираат.

Претходно истата група која протестира го блокираше патот на обиколницата над Битола. Имено, локални жители на битолски Баир денес излегоа на протест и запалија оган на обиколницата со што го попречија сообраќајот. Причина за протестот е одземање на две возила од страна на полицијата откако возачи се затекнати без возачка дозвола, односно без положен возачки испит.
Ваков протест денеска имаше и во Кочани.