ТЕРА

REKLAMA???

Со 4,67 милиони евра ќе се реконструира студентскиот дом „Орде Чопела“ во Прилеп

Обезбедни се средства за реконструкција на државниот студентски дом „Орде Чопела“ во Прилеп.

Со инвестиција од 4.672.878 евра, средства обезбедни од Владата на Република Македонија, се предвидува целосна обнова на објектот, замена на водоводната, електричната и топлотната инсталација, поставување фотоволтаична централа и енергетски ефикасно греење, нов систем за санитарна топла вода, термичка изолација на објектот и кровот, како и целосно внатрешно уредување.

„Ова претставува значаен чекор напред за подобрување на условите за сместување и живот на учениците и студентите. Домот ќе добие нови санитарни јазли, мебел и современи содржини за одмор, рекреација и социјализација, во согласност со европските стандарди за енергетска ефикасност“, информираше градоначалникот Дејан Проданоски.


Реконструктивните активности се планирани да започнат во средината на јули оваа година и ќе се реализираат етапно.

Домот „Орде Чопела“ располага со капацитет од 333 легла, а со оваа реконструкција ќе се обезбедат значително подобри и поквалитетни услови за учениците и студентите кои го продолжуваат своето образование во Прилеп.

Тој изрази благодарност за поддршката од пратениците во Собранието и инвестицијата од Владата, како дел од поширокиот државен проект за енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови и додаде дека инвестициите во образованието и младите се инвестиции во иднината на државата.