Германски турист кој бил на ски туринг се повредил во близина на врвот Пелистер.

Како што велат од тимот за спасување, туристот паднал на стотина метри под врвот Пелистер и ја скршил ногата.

Беше во организирана група, побарана била помош, а Тимот за брз одговор за спасување на планина од Дирекцијата за заштита и спасување, по дојавата од полицијата, веднаш се упати кон Пелистер.

Со помош на џипови и приватни моторни санки за снег се искачија кон врвот, од каде го презедоа и во најбрз моќен рок го евакуираа до Инфо центарот на Баба Планина, од каде со возило на Итната медицинска служба беше пренесен во Клиниката болница.
















