Во организација на Авалон Продукција, проектот ,,Дајте музика”, за прв пат ќе биде претставен во Македонија, со големо, спектакуларно мултимедијално шоу – концерт на отворено во Скопје, на стадионот на АРМ, со почеток од 20 часот. Проследено со светска продукција, грандиозна сцена, звук и светло и збогатено со танц, видео, како и специјални гости, катчето исполнето со џагор кое досега беше достапно само на телевизиските екрани, доаѓа на стадионот на АРМ да го приреди најголемиот мултимедијален детски и тинејџерски настан кој некогаш се реализирал на оваа територија.

„Како телевизиска програма во која главни протагонисти се група талентирани актери и пејачи, за брзо време станати идоли на новата генерација, на Авалон Продукција и’ претставува императив и задоволство, ,,филингот” наречен Дајте Музика на нивната публика да им го претстави во живо, затоа што сме сигурни дека после ова, за Дајте Музика ќе се зборува и како за врвен live перформанс исто така како што досега се зборуваше за врвна телевизиска емисија“, истакнуваат од Авалон.
Влезниците се веќе пуштени во продажба на продажните места во мрежата на Авалон низ Македонија како и онлајн на avalon.mk.


















