ТЕРА

REKLAMA???

СРЕЌА ШТО НЕ ПОМИНАВМЕ НА НОВИОТ КРУЖЕН ТЕК ОТИ ЌЕ ЗАГЛАВЕВМЕ

Моите битолчани знаат дека политиките на СДСМ носат повеќе за сите, затоа на изборите ќе бидат поразени агонијата и блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, рече потпретседателката на партијата Бисера Костадиновска-Стојчевска, на синоќешната трибина во Битола.

„ И додека ние враќаме назад пари на граѓаните и се грижиме за нивниот стандард, локалната власт на ДПМНЕ зема од граѓаните. Се обидоа да направат еден кружен тек меѓутоа среќа никој не поминавме, бидејќи ќе заглавевме, затоа што видовме дека тој е еден неисправен кружен тек, нешто што ни остави „двојче“ па некако не можат да се одделат од него и мора да се вратат назад да не го заборавиме Владимир Талески.

Јас претседателе верувам дека лекциите од локалните избори ги научивме и уште во првото полувреме, односно на претседателските избори ќе го направиме посакуваниот резултат“, рече Костадиновска-Стојчевска.