ТЕРА

REKLAMA???

СТУДЕНТИ ОД СРБИЈА СО ВЕЛОСИПЕДИ ВОЗАТ ЗА СТРАЗБУР

Студенти и членови од академската заедница на Србија тргнаа со велосипеди од Нови Сад во акција – „Тур до Стразбур“ со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, која се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани, јави дописникот на МИА од Белград.

Со нив заминаа и новинари од неколку белградски медиуми.

Во новата акција 80 студенти со велосипед ќе пристигнат до Стразбур за да им се обратат на претставниците на Советот на Европа, Европската унија, Европскиот парламент и Европската комисија.

Голем број граѓани утринава подготвија испраќање за студентите кои ќе ја возат првата делница до Суботица, а потоа преку Будимпешта, Братислава, Виена, Линц и Улм планираат да пристигнат во Стразбур на 17 април.