Битолскиот студентски дом и основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ ќе се реконструираат со кредит од КФВ банката. Македонската влада е гарант на кредитот, којшто треба да се отплаќа на 15 години.

Ново кредитно задолжување гарантира македонската влада за реконструкција на студентските домови и основните училишта во државата. Од овие средства околу 9 милиони евра се наменети за реконструкција на заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух Кочо Рацин во Битола и студентскиот дом Кочо Рацин во Битола.
Собранието вчера го изгласа Законот за заем вели Д-р Олга Лозановска, пратеник во македонското собрание.
„Обезбедени се околу 3.382.500 евра за реконструкција на ресурсниот центар „Кочо Рацин“ во Битола и 5.618,500 евра за реконструкција на студентскиот дом. Реконструкцијата ќе опфати реконструкција на фасадата, на кровот, санитарните јазли, водоводна, електрична инсталација како и затоплувањето на домот“
Средствата со кои Македонија се задолжува се наменски, за енергетска ефикасност и реконструкција на студентски домови и основни училишта, училишта кадешто учат деца со атипичен развој . Условите се поволни, а за Битола има околу 9 милиони евра.

„Парите се обезбедени преку КФВ банка, тоа се 40 милиони евра плус 15 милиони грант; на 15 години отплата со три години грејс период. 9 , вкупно 9 милиони евра ( за Битола) и , овојпроект ќе треба да започне во текот на оваа година, додека не се средат административните работи и ќе почне со изградба.“ – вели Лозановска.
Во законот, е образложено дека, Македонија ќе и плати на Кредитната банка за обнова – КфВ еднократна провизија во висина од 1 отсто од износот на заемот, но исто така ќе мора да плаќа и провизија во висина од 0,25 отсто од неповлечениот дел од заемот. Крајниот рок за повлекување на средства од заемот истекува на 30.5.2031 година.

















