Тажната приказна на мајмунчето Панч од Зоолошката градина во Јапонија, коешто беше напуштено од неговата мајка, ги допре срцата на луѓето ширум светот, и стана вистинска интернет сензација откако фотографии и видеа станаа вирални на социјалните мрежи.
На нив е доловена тажната приказна и емоцијата што мајмунчето Панч ја чувствува кон плишана играчка кадешто најде сигурност и топла прегратка.

На социјалните мрежи беше креиран и хаштагот „Само напред Панч“ во знак на поддршка на напуштеното мајмунче од јапонската Зоолошка градина, кое го растажи светот.













