Локалците од битолското СДС цело време се однесуваат како жолт печат и изнесуваат небулози за работењето на локалната самоуправа и градоначалникот Коњановски, вака денеска на прес конференција од кај РЕК Битола, рече Владо Талевски од ВМРО ДПМНЕ.
„Тоа што го направија тие и го оставија зад себе четиригодишниот пустош во општина Битола, јасно беше оценето од Вас почитувани граѓани, пред помалку од една година. Фактот што, цела година и натаму потврдуваат дека не можат да се снајдат ниту во улогата на опозиција повеќе од очигледно е на штета на Битола и сите во неа.
Страшно е со какви последици по сите граѓани и државата се соочуваме заради нестручноста, неспособноста и криминалното работење токму на локалниот лидер на СДС во сенка, господинот Васко Ковачевски, залутаниот генерален директор на ЕСМ – тотална нестручност и незнаење за спарувањето со енергетската криза.
СДС не само што се нестручни, криминални и неспособни, туку по илјадити пат потврдуваат дека немаат врска со социјалдемократијата и обврската како централна власт да го почитуваат и третираат социјалниот момент, што е обврска на одговорна власт која што се грижи за своите граѓани.
Како последица на тие политики, се јави и застој во економскиот развој компаниите плаќаат 5 пати поскапа струја, инфалацијата расте во Македонија. Неспособната Влада прогласува енергетска криза, а Ковачевски спокоен ни соопштува дека ако сакаме струја ќе ја плаќаме уште поскапо, без никаква грижа на совест и концепт или решение.
Почитувани од СДС Битола, ова се вистинските одговори кои им ги должите на граѓаните. Очекуваат одговори и граѓаните на Битола, зашто токму Васко Ковачевски и Пеце Матевски се луѓето кои се креатори на хаосот со енергетската криза и локални ментори на СДС. Затоа, почитувани СДС Битола, граѓаните добро знаат кој работи во нивни интерес, а кој на нивна штета и ние остануваме во силно партнерство со нив и секојдневно остануваме посветени на инфраструктурата и развојниот концепт на општина Битола“ рече Талевски.












