ТЕРА

REKLAMA???

ТАЛЕВСКИ: ПОЛИТИКИТЕ НА ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ ИМААТ ЦУНАМИ ЕФЕКТ ВО „ЖАБЕНИ“

Претпријатието кое пред девет години овозможи работа за над 6000 граѓани, доведено на раб на стечај, вака денеска рече првиот човек на ИЗ Жабени,Владо Талевски кој што од страна на градоначаланикот Коњановски во април годинава беше назначен за вд на зоната. Тој обвини за недомаќинско работење кое како што рече довело до загрозување на ликвидноста на претпријатието.

„Нестабилна финансиска состојба, големи долгови кои десеткратно ја надминуваат затекнатата сума на сметката на претпријатието и ненаплатени побарувања, неможност за исплата на плати, се само дел од проблемите кои ја отсликуваат состојбата која ја затекнав со моето доаѓање на вд директор на ЈП СИЗ Жабени. Повеќе годишните проблеми со кои се соочува ЈП СИЗ Жабени, недомаќинското работење и несервисирањето на долговите, довеле до загрозување на ликвидноста на претпријатието. Состојбата дополнително ја отежнуваат и судски решенија од сомнителни судски спорови, какао и тужби заради неисполнети обврски кон инвеститорите во зоната. Морам да нагласам дека постојат неплатени фактури и по неколку години. Не е дадаена завршна сметка за претходната година, не е направен годишен план за јавни набавки, не е направен годишен инвестициски план. Исто така не се објавени тендери за одржување на Пречистителна станица и каналската мрежа, иако важноста на старите договори е помината и по повеќе од 6 месеци. Ситуацијата исто така значително ја усложнува и тоа што речиси 2 500 000 денари се заглавени во пропаднатата штедилица Еуростандард, поради што финансиската состојба е тешка и комлексна, а ЈП СИЗ Жабени е на работ на колапс. Политиката на претходната власт предводена од СДСМ и нивниот паранешен градоначалник, имаат цунами ефект за ЈП СИЗ Жабени. Наместо да се сервисираат општинските обврски и домаќински да се управува со парите на граѓаните и имотот кој бил доделен на претпријатието, зоната е целосно запуштена, Никој не водел грижа за истекувањето на договорите на инвеститорите, а тие биле оставени сами на себе да се снаоѓаат како можат. Безидејноста довела до тоа ниво што претходното раководство се откажало од дел од зоната, одстапувајќи го на државата за формирање на ТИРЗ во зоната Жабени“, рече Владо Талевски, директор на  ЈП СИЗ Жабени.

За надминување на финансиската нестабилност во периодот кој следува ќе се стави приоритет на повеќе аспекти.

„Убеден сум дека добрата деловна политика со која започнавме да работиме значително ќе ја подобри состојбата и ќе донесе резултати. За ова сакам да им се заблагодарам на доверителите со кои најадовме компромис во измзинатиот краток период и функционираме со одложено плаќање. Само со одговорна, посветена и тимска работа, ќе ги надминеме тешките моменти кои во оваа ситуација се наш предизвик за успешно работење. Наши приоритети ќе бидат: преземање соодветни мерки за привлекување на нови инвеститори, кои порадаи незаинтересираноста на претходната власт, досега ги немаше, подобрување на наплатата преку коректен и одговорен однсо со нашите долгогодишни соработници и инвеститори и сведување на минимум на непродуктивните трошоци. Поддршката на претпријатието од градоначалникот и општинската администрација во овај период е многу важна и истата веќе се реализира, преку подготовска од страна на општината на јавна објава за градаежни парцели во зоната, од кои на најголемиот дел, претходно склучените договори истечени им се по повеќе години“, рече Талевски.

Претпријатието како што рече директорот мора да продолжи да работи како главен поддржувач и потикнувач на нови инвестиции, кои ќе донесат економски бенефит за општината.