Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти е во фаза на создавање на Македонски Независни Листи за парламентарните избор 2024 година, вели претседателот на Македонска Ера Трета, Горан Тасковски.
„Целта на Македонска Ера Трета / Македонски Независни Листи – Суверенисти е Македонија да излезе од досегашната политичката матрица за нудење на македонскиот гласач предвреме припремени изборни листи за пратеници, кои се создадени во штабовите на политичките партии врз принципи кои кого познава, колку е близок и послушен на претседателот, кој колку може да плати и да си купи добитно место, едноставно македонскиот гласач е ставен пред свршен чин, гласајќи за имиња на политички партии, а не за клавлитет, способност и минати успеси.
За конечно македонското собрание да добие стручност и квалитет, Македонска Ера Трета /Македонски Независни Листи – Суверенисти ги повикува сите Македонци во Македонија, во околните држави, во иселеништво за земат активно учество во создавањето на македонските независни листи, каде што ќе бидат предложени најспособните, најстручните, најчесните и не извалкани кандидати, кои Македонија ги има во овој миг.
Дојде време да се врати тапијата на македонскиот народ, дојде време за отстранување и казнување на сите предавства, криминални дејствувања и корупциски активности, дојде време за враќање на македонските вредности – принципиелност, чесност, работливост, конкретни резултати и дела, време е за Суверена Македонија“ рече Таскоски.











