Институтот за јавно здравје отвори Центар за откажување од пушењето, како дел од напорите да се намали високата употреба на никотински производи во земјата.
На телефонската линија 078 285 873, која ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот, квалификувани стручни лица ќе нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето.
Со паролата: „Не пуши, откажи се“, Институтот ги повикува пушачите да преземат акција за одвикнување од оваа животозагрозувачка навика.
Целта на новоотворениот Центар за откажување од пушењето е да се овозможи поголема поддршка за оние кои сакаат да ја прекинат својата зависност и да се намали процентот на пушачи во земјата.

фото: ИЈЗ


















