ТЕРА

REKLAMA???

ТИМОТ НА СЛЕПИ ЛИЦА ОД БИТОЛА ДРЖАВНИ ПРВАЦИ ВО ГОЛБАЛ

Ова е Ајнур Османовски кој 21 година тренира голбал. Дел е од тимот на слепи лица од Битола кој неодамна на меѓународното првенство што се одржа во Ниш-Србија беше прогласен за најдобар дефанзивец. На првеството Македонија беше претставена токму од Тимот на слепи лица од Битола, а учествуваа повеќе репрезентации од Балканот. Само неколку дена подоцна овај тим стана државен првак на Државното првенство во голбал за 2022 година .За постигнатиот успех честитки добија и од градоначалникот Тони Коњановски. Инаку голбал е тимска игра за која што треба голема физичка подготвеност.

„Тренирам 21 година и за првпат го добивме ова прво место иако имаме многу освоени втори места и загубени финалиња. Тренираме во оваа сала два пати во неделата. Тренираме пред се оринетација во простор зашто ни се врзани очите и не гледаме ништо. Ја тренираме мускулатура за да имаме подобар шут. Овој спорт за мене е многу значаен, место каде ние слепите можеме да се покажеме во најдобро светло. Ни значи како фудбалот и ракометот. Нашиот следен предизвик е ќе се одржи купот на Македонија каде што играат четирите најдобри екипи, да го освоиме купот и да комплетираме“, рече Османовски.

Заедно со тимот во Ниш беше и советникот Борче Корлевски, кој веќе повеќе години му помага на Здружението на слепи лица од Битола. Кажа за каква игра станува збор.

„Освоеното државно првенство во голбал. Тоа е игра за слепи лица меѓутоа ја играат и видните лица затоа што е добро развивање на моториката. Таа игра е слична на ракометот и ватерполото , меѓутоа слепите лица или оние со визуелна попреченост се седнати на земја на подот, има позади нив гол и работат со тешка топка со ѕвонче која што треба синхронизирано, и едната и другата екипа да се одбранат да не примат гол за да постигнат.

Корлевски со свои сопствени средства помогна и во реновитрањето на Спортската сала во Центарот за социјални работи, каде што тимот секојдневно ги одржува тренинзите.

„Ние како екипа, бидејќи јас заедно со нив бев на Балканско првенство во Ниш заедно бевме на натпревар на репрезентациите, каде што беше Црна Гора која што е четврта во светот. Учествува на Олимписки и параолимписки игри. Заедно тука беа и репрезентациите на Србија, Босна и Херцеговина на Бугарија кои што играат во Лига на шампиони,тоа е тим во којшто играат и Русија и Литванија итн, меѓутоа овде беше цел Балкан собран. Од Македонија немаше формално репрезентација бидејќи е најдобар тимот од Битола кој учествуваше и во полуфиналниот натпревар, изгубивме само со еден разлика од учесникот во Лига на шампиони. Тие разигруваа за 5-то место и го освоија тоа 5-то место. Нашиот Ајнур Османовски беше најдобар дефанзивец меѓу сите тие репрезентативци коишто се платени играчи, збораме и за видни лица коишто професионално се занимаваат со таа работа , а после три дена од тој натпревар отидоа на Државно првенство во Македонија во натпревар. Од 12 екипи беа прваци на Македонија, нормално без ниту еден пораз, затоа се еден вид тим репрезентација. Во тимот се 5 играчи , тројца играат активно на терен, двајца се заменуваат “, рече Корлевски.

Голбал е тимски спорт кој се игра во Европа од 1946 година како игра која служела за рехабилитација на ветераните од Втората светска војна со оштетен вид. Машките тимови во голбал на параолимписките игри се такмичат од 1976 година, а женските од 1984 година.