Едно лице загина и најмалку девет се тешко повредени откако торнадо синоќа погоди област северно од Париз.
Префектурата Вал-д’Оаз рано утрово соопшти дека едно лице починало, четири лица се во критична состојба, а уште пет се во сериозна состојба по невремето во Ермон, во северните предградија на Париз.
Локалната временска апликација Метео експрес објави снимка која покажува торнадо како соборува три крана.
Локалната префектура соопшти дека 150 пожарникари, припадници на служби за итни случаи и полицајци се распоредени во Ермон и блиските Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.
Во меѓувреме, 1.700 домаќинства од рано утрово останаа без струја, пренесе ДПА.
МИА




















