ТЕРА

REKLAMA???

ТРЕТ ДЕН ШТРАЈК НА СОНК

Состојбата на третиот ден од штрајкот на СОНК е мирна, вели Тони Чавдаровски, претседател на регионалниот одбор на СОНК за Битола, Ресен и Демир Хисар. Нема поголеми проблеми, дури има и по еден или двајца од училиште кои се приклучуваат на штрајкот, вели тој. Единствено како проблем се просториите, односно наставниците не ги собира во една или две простории, па некои директори не им дозволувале да зафатат уште една просторија.

Попладневната средба меѓу СОНК и Министерството за образование не вроди со плод.

Денес разговаравме, но немаме добри вести за јавноста. Штрајкот ќе продолжи. Немаме конкретно ветување дека зголемувањето на платите ќе биде во одреден процент. Повеќе се зборуваше за продолжување на наставата и како ќе се надополнат часовите. Околу ова имаме исти став дека преговорите треба да се интензивираат. Од таа причина од МОН очекуваме да излезат со конкретен предлог и некаков допис како гаранции, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков после состанокот со Министерството за образование и наука околу прекинување на штрајкот и исполнување на барањата на просветните работници.

Претходно, Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири истакна дека е подготвен да направи отстапки од повеќе инвестициски и други активности кои се дефинирани во програмата за работа на МОН за оваа календарска година, а кои предизвикуваат фискални импликации, се’ со цел да се обезбедат повеќе средства со кои ќе се доближат до процентот на покачување на платите на наставниците кој го бара СОНК.Министерот рече дека заложбата на Владата е да се изнајде системско решение со кои платите на вработените во областа на образованието ќе растат со секое покачување на минималната плата, што всушност е и едно од барањата на СОНК, со оглед на тоа што е најавено нејзино покачување и во 2023 и 2024 година.