ТЕРА

REKLAMA???

Угина нилскиот коњ Берта во зоолошката градина во Битола

Угина нилскиот коњ Берта во зоолошката градина во Битола, кој 40 години беше радост за децата во градот и регионот.

Јавната општинска установа Зоолошка градина Битола информира дека и покрај длабоката старост, Берта беше со солидно здравје, а во последниот период добиваше континуирана нега и терапија од нашиот ветеринар, но природниот крај за овој животински вид на оваа возраст беше неизбежен.

Нилскиот коњ Берта има свои потомци во зоолошките градини во Виена, Белград и Скопје.

Нејзиното живеалиште ќе се прилагоди за нов жител на битолската золошка градина.