ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО ИМА И ВТОР УПИСЕН РОК

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, го објави дополнителен конкурс за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2025/2026 – втор уписен рок. Пријавувањето на кандидатите е денеска 15 ( понеделник ) и 16 ( вторник )  септември 2025. За додипломските студии, на УКЛО имаше места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Како што информираат од ректорката управа во првото пријавување кое траеше од 19 до 27 август се пријавиле вкупно 864 кандидати, односно идни бруцоши. Ова значи дека УКЛО не само што успеа да го задржи зголемениот интерес од минатата година, туку и благо да го зголеми.

Техничкиот факултет во Битола е еден од најбараните во државата –  вели денеска деканот проф. Д-р Митко Костов во денешната изјава за ТЕРА ТВ. Слободни места има уште вкупно 244 за сите студиски програми.

34 места има за отсекот Машинство за сите категории студенти – редовни во државна, со школарина и вонредни. 43 места се слободни за сите категории студенти за програмата Индустриско инженерство и менаџмент, 32 за програмата Собраќајно -транспортно инженерство, 28 за програмата Графичко инженрество и дизајн, 39 слободни места за сите категории студенти за студискта програма Електро-енергетски системи и обновливи извори на енергија, Вкупно 28 слободни места има на програмата Мехатроника, а 40 на програмата Инженерство за заштита и на животна и работна средина.

Деканот Костов не пропушти да објасне дека Технички Факултет заедно со другите факултети и институти од Универсзитетот се дел од алијансата Колорс.

Инаку, на сите универзитетски единици сеуште има одреден процент слободни места за упис во прва година на додипломски студии. Според информацијата од Универзитетот

На Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола – 200, Технолошки-технички факултет во Велес -85, Економскиот факултет во Прилеп- 137, Факултет за туризам и угостителство во Окрид – 146, Педагошки факултет во Битола – 149, Факултет за безбедност во Скопје – 119, Правен факултет во Кичево – 154, Факултет за биотехнички науки во Битола -95, Ветеринарен факултет во Битола- 37 и на Висока медицинска школа во Битола- 139. Детаљите на кои студиски програми колку слободни места има  дали ги има за сите категории студенти сепак треба да ги проверите на интернет страната на Универзитетот – uklo.еdu.mk и на соодветните интернет странички на факултетите.

Според роковникот на Универзитетот :

Претходна проверка на знаењата на англиски јазик 17.09.2025,

Објавување прелиминарна ранг-листа 17.09.2025,

Објавување решение за прием на кандидатите 22.09.2025 и

Запишување на кандидатите 23.09.2025.