Во рамките на свечената програма при одбележувањето на Денот на основање на Универзитето Св. Климент Охридски беа промовирани нови доктори на науки, што претставува важен индикатор за растот и зрелоста на научната заедница на укло, како и за поддршката на универзитетот за континуиран научен развој со висок општествен импакт.
Седум нови доктори на науки се придружија денеска на листата од скоро 500 кои своите докторски истражуваања и тррудови ги завршиле на Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола.
Проммовирани беа 2 доктори на економски науки, и по еден доктор на науки од факултетите за Безбедност, Туризма и угостителство, Техничко-технолошкиот, Биотехничкиот и еден доктор на науки по правни науки – меѓународно право. Доктори на науки кои допрва ќе го даваат придонесот во науката, во општеството во целина. Докторската титула е само почеток на можноста да се работи наука, вели проф. Д-р Игор Неделковски.
Универзитетот Св. Клименто Охридски го возможува третиот циклус на студии на најголем број од своите единици – факултетит и институти, а денеска, со отсуството на некои од промовираните докторанти, има и потврда дека се поголем е бројот на странски студенти кои своите втор и трет циклус – магистерски и докторски студии сакаат да ги стекнат на универзитетот со седиште во Битола.


















