ТЕРА

REKLAMA???

УКЛО РАБОТИЛНИЦА ЗА НАДАРЕНИ И ТАЛЕНТИРАНИ СТУДЕНТИ

Универзитетот св. Климент Охридски е на високо место на листата високообразовни институции кои се грижат за надарените, талентираните студенти. Денеска се одржа работилница на која повторно беше промовиранa  позицијата тутори.

„Институционализирани активности, развиени правила и формирани групи каде професорите активно работат на поддршка на талентираните млади луѓе.“ – ова е карактеристиката на Универзитетот Св. Климент Охридски вели ректорот проф. Д-р Игор Неделковски кога се работи за грижата за надарени односно талентирани студенти. Денеска во Студентскиот информативен центар се одржа работилница за талентирани студенти.

УКЛО има Правилник од кој се знае секој чекор во активностите коишто се поврзани со откривањето и мотивацијата на талентираните.

Научната констатација е дека талентирани се оние кои напредуваат во општествата и светот, а образовниот систем е одговорен да ги открие и негува во професионалниот живот, резимира проф. д-р Љупчо Кеверски, експерт во областа.

Денеска беа промовирани два прирачници за надарени и талентирани изработени од проф Кеверески со студентите: „Мисловни мапи“ за кој промотор  е познатиот професор д-р Ранко Ракјовиќ од словенија и вториот прирачник насловен „Имагинативниот свет на креативноста на талентите“ што ја промовираше проф.Д-р Виолета Арнаудова.

И денешната работилница покажа дека универзитетот Св. Климент Охридски претставува средина во која не само што се развива академскиот живот, едукацијата и активности надвор од образовното секојдневи, но и дека е средина во којашто се негуваат талентираните , а сите заедно може да го достигнат својот академски потенцијал.

Повеќе во прилогот подолу што ве води до YouTube