ТЕРА

REKLAMA???

УМЕТНИЦИТЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НИКОЛА

Во Ликовниот салон од ЦК „Марко Цепенков„ во Прилеп беше отворена изложбата на икони „Уметниците во чест на Св. Никола“, на која се претставени икони од македонски уметници, а во чест на патрониот празник на Прилеп.

Годинава на изложбата, со икони се претставија еминентните творци:

Славица Михаилова (Дипломирала на Националната ликова академија во Софија, Бугарија на отсек ѕидно сликарство. Магистрирала на Академијата за уметности во Белград – отсек иконографија. Член е на ДЛУБ и има реализирано бројни самостојни и групни изложби во земјава и во странство. Нејзини дела се наоѓаат во приватни колекции ширум светот).

Дејан Макаријоски (Член на ДЛУБ, работи во техника масло на платно, акрил, како и фреско сликарство и икони. Основач е на студиот „Ателје Макаријоски“ и веќе 25 години го води ателјето и галеријата. Добитник на наградата „Борислав Траиковски за 2024 година на ДЛУБ.)

Николче Српчански (м-р по ликовна уметност, конзервација и реставрација. Уметник, реставратор, иконописец. Завршил магистерско образование по конзервација и реставрација на Националната уметничка академија во Софија, Бугарија. Учествува на повеќе самостојни и групни изложби).

Васко Ѓоргиев ( уметник и иконограф. Завршил Академија во Џенова, Италија, оддел вајарство. Ангажиран како уметнички соработник во Бигорскиот манастир. Има реализирано циклуси на сакрално сликарство во Преспанско пелагониската и во Дебарско Кичевската епархија. Член на ДЛУБ и ДЛУГ. Редовен учесник на групни изложби во Италија) и
ателјето Теракотни икони Серафим“( Постои од 2018 година и е уникатно уметничко студио специјализирано за изработка на икони, орнаментални, како и фигуративни релјефни претстави од православната христијандска традиција. Творештвото е фокусирано на керамиката – теракотата како автентичен и топол материјал).

Изложбата се реализира во соработка со Општина Прилеп, и годинашните домаќини на градската слава.