„Во една чудна сезона во која, за жал, сосема неприметно се провлече фактот дека Македонија ова лето ја снема од картата на големи светски концерти, ние, заедно со нашите стратешки партнери сепак се потрудивме, барем за тие што разбираат и знаат, Македонија барем на една вечер да заличи на свет. Чиста радост, љубов и другарство, владееja во петокот на Стадионот на АРМ . Благодарни сме на сите кои со себе ја донесоа својата енергија и заразлив ентузијазам, му пркосеа на дождот, и го направија ова фестивалско издание за паметење“, стои во соопштението на Авалон продукција после одржувањето на годинешното издание на фестивалот „Скопје колинг“.

Руската техно изведувачка Нина Кравиц и словенечкиот бенд „Лајбах“беа главни изведувачи на истиот.
Покрај нив, настапи имаа и минатогодишната претставничка на Србија на Евровизија, Констракта, српската електро-поп група „Буч Кесиди“ и хрватите „Ниплпипл“.

За идните планови од Авалон истакнаа:
„Лично одлучив оваа година да биде некоја транзициска година со што е можно помал број на концерти, да се фокусираме на ова во Скопје и посебно на „Охрид Колинг“ кој оваа година ќе трае пет дена. „Охрид колинг“ е на ниво на Европа и не е ништо помалку од Егзит“.


















