ТЕРА

REKLAMA???

УСТАВНИОТ СУД НЕ ПОВЕДЕ ПОСТАПКА ЗА ПРАВИЛНИКОТ НА ДИК ЗА НЕЗАВИСНИТЕ

Уставниот суд на денешната седница донесе одлука за неповедување постапка за Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија.

Подносители на иницијативата до Уставниот суд се Здружението „Светски македонски конгрес” од Скопје застапувано од претседателот Тодор Петров и Стевче Стојанов.

Претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски на седницата рече дека е добро што има дискусија и оти предметот е важен. Смета дека пополнувањето на правни празнини е многу важна тема и во уставното и во регуларното судство и воопшто во правото. Појасни дека кога во околности се укинати некои одредби или поништени одредби, тогаш и право и должност на законадавецот е да ги полни тие правни празнини.

ДИК, нагласи Костадиновски, има правен основ и таа била должна да донесе тако правилник.

„Должноста на ДИК да го донесе тој правилник се базира не само на одредбите од Изборниот законик, туку и непосредно на уставните одредби. Уставот дава сериозни гаранции за активното и пасивното избирачко право, на можноста секој да учествува во политичкиот процес и особено е важна одлуката на Уставниот суд“, појасни Костадиновски.

За да ја донесе оваа одлука, нагласи Костадиновски, Уставниот суд го толкувал и постапувањето, односно непостапувањето на законодавецот.

„Пополнувањето на правните празнини е секогаш важна уставно правна тема. Со нашата одлука неспорено дека се создаде една правна празнина. Право и должност е на законодавецот да ја пополни. Но, право на законодавецот доколку одлучи дека е целиосходно да не ја пополни, и тоа кажува многу и е сериозна индикација. Но, пополнувањето, односно непополнувањето на таа правна празнина можеби е одлука на Собранието и може така да се толкува дека оди многу либерално, во поглед на критериумот за учество на независните кандидати во изборниот процес, бидејќи не ја пополнил и не донел одлучување. Сето ова оди во прилог на нашата одлука. Нашата одлука во која најдовме сериозни прекршувања на Уставот и на темелните вредности и на низа уставни одредби, одеше во прилог, дикцијата на нашата одлука беше да се либерализира до максимум учеството на независните кандидати во изборниот процес како една од суштествените придобивки на демократијата и демократските процеси“, изјави Костадиновски.