ТЕРА

REKLAMA???

УТРЕ И ДРУГИДЕН ВТОР УПИСЕН РОК НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, го објави дополнителен конкурс за запишување студенти на прв циклус студии во академската 2025/2026 – втор уписен рок.

Пријавувањето на кандидатите е 15 ( понеделник ) и 16 ( вторник )  септември 2025.

За додипломските студии, на УКЛО имаше места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии.

Како што информираат од ректорката управа во првото пријавување кое траеше од 19 до 27 август се пријавиле вкупно 864 кандидати, односно идни бруцоши. Ова значи дека УКЛО не само што успеа да го задржи зголемениот интерес од минатата година, туку и благо да го зголеми.

За вториот уписен рок слободни места има на:

Технички факултет во Битола – 244

Факултет за информатички и комуникациски технологии во Битола – 200

Технолошки-технички факултет во Велес -85

Економскиот факултет во Прилеп- 137

Факултет за туризам и угостителство во Окрид – 146

Педагошки факултет во Битола – 149

Факултет за безбедност во Скопје – 119

Правен факултет во Кичево – 154

Факултет за биотехнички науки во Битола -95

Ветеринарен факултет во Битола- 37

Висока медицинска школа во Битола- 139

Претходна проверка на знаењата на англиски јазик 17.09.2025, објавување прелиминарна ранг-листа 17.09.2025, објавување решение за прием на кандидатите 22.09.2025 и запишување на кандидатите 23.09.2025.