Денешната максимална температура во Битола беше 12 степени.
Времето беше сончево со мала, а во западните делови имаше појава на умерена до значителна облачност со слаб локален дожд. По котлините, особено долж Повардарието, имаше појава на магла која во текот на денот се намали.
До крајот на денот умерено до значително облачно, кон крајот на денот во западните и северни подрачја со врнежи од дожд. И во текот на ноќта ќе има појава на магла по одделни котлини
Утре променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд.Попладне врнежите ќе престанат, а во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 15 степени. Утринската во Битола околу 3, а дневната до 11 степени.












